За литературниот конкурс *Со песна до книга* ги испративме следниве лични творби на нашите другарчиња:
Пуштете ме
свој човек јас да си бидам
Пуштете ме
живот да живеам,
да гледам класје,жито
во златен бран
трудот мој на едно место збран.
Пуштете ме,
мојата желба сакам
да се знае :
-светот градина да е !
Пуштете ме, да ја видам
пуштете ме , свој човек,
јас да си бидам.
До кога јас за своите
права да се борам ,
до кога ,
дали засекогаш,или
со векови,
до кога,
за моите права човекови?
До кога туѓ мисленик
јас да бидам , на
богатите и моќните роб,
до кога ќе е пуст и смрзнат
животот мој,
до кога ќе тече низ вениве,
желба за бој.
Не, не,не сакам јас
скотски живот да живеам,
сакам да се знае дека
срцево за туѓи пари,
никогаш, ниту пак ќе вие,
туку само слободно ќе бие.
До кога правилово ќе важи:
-Богатиот сиромавиот
го гази?
До кога во светот
црнило ќе рее,
до кога во мојава
душа празнина ќе тлее?
Пуштете ме, јас , свој
човек да си бидам
лошо, зло и бес
јас да не видам.
Црнилото ќе еси остане
само боја,
но нема да тежи
во душава моја.
Георгина Јовановска
7-д одделение
Бој
Човек со човек
не се сака.
Некој плаче,
многу му е мака.
Лице ,в лице
пушка да си впери,
од овој бој,
душа во рајот да се всели.
Крв тече, се пие
од човек на човек,
зошто не секој
мирно да спие.
Ги гледам вака,
и многу ми е мака
човек со човек,
не се сака.
Ајде сите
да си пружиме рака
еве вака,
секој со секој
да се сака.
Од некаде
истрел се слуша
си замина една душа.
Луѓе застанете,
веќе да нема бој,
оти ние сме сите исти,
како пчелки в рој.
Гледајте го светот
што убави нешта ни дари
радувајте се на цветот,
дури и на нештата мали.
Милена Стефановска
7-д одделение
Мајка
Мила мамо
многу си ми мила
и личиш на
на бела свила.
Ти имаш
очи сјајни
кои можат да откријат
мои мали тајни.
Мамо ти си мајка
извадена од некоја бајка.
Незнаеш
Колку имам среќа
Како полно богатсво
Извадено од вреќа.
Нешто морам
да сватам
уште што треба
да ти вратам.
Ти си мамо
најубав цвет
и нема за мене
поубав на свет.
Благоја Насковски
7-д одделение